По долгогодишна битка со неплодноста, на само ден пред големиот празник Василица, 52-годишна мајка на свет ја донесе Јана, по пат на царски рез, со тежина од 2.600 грама, информира болницата „Плодност“ од Битола.
Во специјалистичката гинеколошко-акушерска приватна болницата „Плодност“ очекуваат наскоро и породување на пациентка на 53-годишна возраст.
– Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во практика, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на ин-витро постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај – истакна примариус д-р Таше Трпчевски, шеф на тимот за реализација на ИВФ во „Плодност“ – Битола.
Во болницата очекуваат породување и на пациентка на 53-годишна возраст, која исто така забременила по пат на ин-витро оплодување.
– Докажуваме дека упорноста и желбата на мајките да донесат на свет свое новороденче е поголема и посилна од сѐ, а нашиот стручен тим се вложува до максимум за да ја реализира таа нивна желба – информираа од „Плодност“ – Битола.
Во 2022 година во „Плодност“ беа извршени донесени на свет 703 бебиња, од нив 24 пара близнаци, 67 родени преку ин-витро постапки, а 16 бебиња се родени со постапката за породување во вода.