More

    Битолчанец ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави нејзини интимни фотки

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.

    Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би ѝ наштетило на нејзините чест и углед.

    Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.

    Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img