Биткоинот, најтргуваната криптовалута денеска се продава по цена од 56.039 долари, откако вчера достигна врв од 57.039 долари првпат по 2021 година.
Цената на биткоинот се зголеми за 32% од почетокот на годината, што предизвика и пораст на цената на останатите криптовалути. Помалите монети како Ether, Solana и Ripple исто така добија во вредност од 4,3%, 6,4% и 2,8%.
Нето 6,1 милијарда долари се влеаја во неколку ETF за биткоин кои започнаа со тргување во САД на 11 јануари, сигнализирајќи ја зголемената побарувачка за биткоин во овој нов трговски канал, пишува Блумберг.
Планираното намалување на понудата на биткоин само го зголемува оптимистичкото расположение во однос на неговиот раст на цената.
MicroStrategy, компанија за бизнис софтвер, купува биткоин на големо како дел од својата корпоративна стратегија. Вчера објави дека купила уште околу 3.000 токени овој месец, а сега поседува околу 10 милијарди долари во биткоини.