More

    Битиќи во Клан Дебата: Со над две милијарди евра ги поддржавме граѓаните и компаниите

    spot_img

    „Од 2020 година кога почна пандемијата на Ковид-19, Владата на Северна Македонија има потрошено над две милијарди евра финансиски средства за антикризни мерки наменети за граѓаните и компаниите“.

    Ова го изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во емисијата Клан Дебата која се емитува на Klan Macedonia, во која меѓу другото се осврна и на последниот пакет на антикризни мерки кој Владата го донесе минатата недела во вредност од 662 милиони евра.

    „Ова е 9-ти антикризен пакет на оваа Влада, всушност, од 2020 година кога започна пандемијата Ковид па сè до денес, за овие четири години потрошивме над две милијарди финансиски средства за граѓаните и бизнисите, пришто рековме дека ќе одвоиме 662 милиони евра наменети за одредени групи, тука влегуваат ученици, студенти, има и група на граѓани од ранливите категории и лица со попреченост. Но секако, тука влегува и приватниот сектор заедно со пензионерите, пришто 155 милиони евра се наменети за поддршка на граѓаните, пензионерите и земјоделците и 492 милиони евра за поддршка на приватниот сектор. Обезбедивме прилично голем пакет за финансирање на приватниот сектор“, рече Битиќи.

    Вицепремиерот Битиќи се осврна и на една новост која Владата ја воведе, поточно за финансиската мерка која ќе резултира со повисоки плати во приватниот сектор.

    „Со јануарската плата воведуваме една новост, на приватниот сектор ќе му овозможиме покачување на платите од минимални три илјади до 10 илјади денари, за кои нема да има плаќање на придонеси, и ова претставува наш напор во борбата против неформалната економија но и за зголемување на платите во приватниот сектор. Оваа мерка ја поздравија и Стопанските комори“, изјави Битиќи.

    Вицепремиерот Битиќи рече дека од новиот пристап на Владата ќе придобијат и сточарите.

    „Четириесет илјади сточари ќе бидат поддржани со новиот пристап на субвенционирање во сточарството, а тоа е дека за прв пат сточарите ќе добијат авансно 30% од субвенцијата која им следи“, рече Битиќи.

    Во емисијата Клан Дебата, вицепремиерот Битиќи се осврна и на мерките за поддршката на учениците и студентите, за што Владата ќе одвои 17 милиони евра, додека за пензионерите се планирани 36 милиони евра.

    „Кај делот на пензионерите, околу 185 илјади пензионери ќе придобијат од разните економски мерки кои ги усвоивме, и се работи претежно за пензионери кои спаѓаат во делот на ранливите категории. Од декември важат мерките за пензионерите, односно 92.000 пензионери кои примаат пензија до 14.000 денари, за пет месеци ќе добијат по 3.000 денари, 42.000 пензионери кои примаат пензија помеѓу 14.001 и 16.000 денари ќе добијат по 2.000 денари, додека 52.000 пензионери кои примаат пензија помеќу 16.001 и 19.000 денари ќе добијат по 1.500 денари. Со ова, ќе им овозможиме на сите кои примаат пензија да се доближат до просечната пензија, просечната пензија во последниот месец беше некаде околу 21.000 денари“, рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img