Данокот на солидарност ќе ги опфати само компаниите кои во време на криза успеале да направат профит од над 20 милиони евра и сметаме дека тоа е солидарно, за да се врати кон оние кои треба да се справат со кризата, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за Телевизија Сител. – Со овој данок опфатени се 150 компании, а минималниот праг, според последните проценки е околу 50 милиони евра, пари што ќе се искористат за антикризни мерки, како на пример за субвенционирање на електричната енергија која што и оваа година ќе биде субвенционирана, но и за други нови мерки за поддршка на оние на кои таа им е потребна – посочи Битиќи, додавајќи дека ваквото решение ќе се донесеше и порано, но ВМРО-ДПМНЕ во Собранието истото го блокираше повеќе од шест месеци. Во однос на стапката на ДДВ за пелетите, Битиќи посочи дека таа нема да се менува, дека СДСМ го слуша гласот на граѓаните и дека така ќе постапува и во иднина. Тој потсети дека 130.000 вработени во јавниот сектор ќе добиваат повисоки плати, и дека оваа влада се обидува да стави крај на должничкото ропство на граѓаните – Општиот колективен договор за јавниот сектор, е успех на дијалогот што го водевме со синдикатите. Со ова решение околу 130.000 мои сограѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја. Ставаме крај на политичките превирања, на уцените и влијанието врз оние кои треба да им служат на сите граѓани. Во општиот колективен договор имаме методологија со која за првпат тука во регионот, платите во јавниот сектор ќе се индексираат согласно растот на просечната плата – рече Битиќи. Осврнувајќи се на измените на законите за извршување, за облигациони односи и за финансиски друштва, Битиќи посочи дека тоа е акт на праведност и правичност кон граѓаните. – Конечно имаме решение со кое каматата не смее да го надминува износот на главниот долг, го намаливме и рокот за застарување на долгот, со цел да ги заштитиме граѓаните, и конечно, ставаме ред и на „брзите кредити” каде трошоците за еден кредит ги ограничивме на најмногу 60 отсто – изјави Битиќи за ТВ Сител.
Битиќи вели дека данокот за пелети ќе остане 5%
By
Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дневни Вести
Ви носи избор од најновите вести, трендови, увиди и совети од целиот свет.
By signing up, you agree to our Terms of Use and acknowledge the data practices in our Privacy Policy. You may unsubscribe at any time.