More

    Битиќи најави дека тестенините и млечните производи ќе бидат поевтини од 16 март

    spot_img

    Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека според информациите со кои располага, трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи.

    Инаку, намалувањето треба да стапи во сила на 16 март, но дотогаш им беше оставен простор на трговците да се подготват и дел од нив, доколку се во можност, предвреме да ги намалат цените.

    – Засега намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни. На 16 март сите ќе имаат намалени цени според дефинираните мерки. Има намалување за денар, два, три можеби, но го нема засега потребното од 10 денари. Секако, на 16 тоа ќе мора да се направи ако гледаме дека нема волја од другата страна – изјави Битиќи.

    Според него, речиси при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

    Инаку, цената на тестенините (шпагети и макарони) ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе има и за млечните производи (трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал; кисело млеко; павлака и јогурт без додатоци). Казните за непочитување на владината одлука ќе се движат од 800 до 10.000 евра.

    Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава владата донесе одлука за ограничување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img