More

    Бислимоски: Со влезот на стратешките енергетски инвестиции ќе се зголеми енергетската независност на земјава и сметките за парно ќе се преполоват

    spot_img

    Со влезот на стратешките енергетски инвестиции ќе се зголеми енергетската независност на земјава и сметките за парно ќе се преполоват, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. За него е легитимна тезата на експертите од енергетиката дека државата треба да гради енергетски капацитети.

    -Одлично е што ќе имаме конечно француска инвестиција и заедно со реализацијата и на грчката инвестиција во енергетиката граѓаните може да очекуваат стабилни сметки за струја и пониски сметки за топлинска енергија. Во исто време поради ниската цена ќе се зголеми интересот за приклучување кон мрежата за топлинска енергија и ќе се ослободат количини што ЕСМ ги произведува на ниво од два блока во РЕК Битола. ЕСМ ќе може да продава струја на берза и парите да ги насочи кон инвестиции – изјави Бислимоски за Слободен печат.

    Концептот на приватни инвеститори во случајов, додаде, стратешки е применуван секаде во Европа.
    -Тоа е модел каде приватниот инвеститор гради енергетскиот капацитети, а енергенсот се откупува по однапред утврдена цена што е пониска од онаа што ја има ЕСМ. Сега ЕСМ ја продава струјата на ЕВН хоме по цена од 58 евра за мегават час, додека од стратешките партнери ќе изнесува 55 евра за мегават час. При тоа доминантно струја е од РЕК Битола од јаглен, чие производство ќе поскапи поради данок од ЕУ од 70/80 евра за мегават час што значи дека цената ќе достигне до 150 евра. Дај боже да има уште повеќе инвеститори и од увозна земја ќе станеме земја што извезуваме струја – рече Бислимоски.

    Тој смета дека само во 2023 година е преполовена количината на струја што се увезува поради приватните инвестиции.

    Бислимоски ги коментираше и барањата државата да ги гаради енергетски капацитети

    -Тезата дека државата треба да гради енергетски капацитети е легитимна, но поради енергетската криза ЕСМ обезбедува субвенционирана цена за граѓаните и е во загуба – добива пари од буџет. Сега ќе може да ја задржи ниската цена, граѓаните да добиваат и пониски сметки – посочи Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img