Бислимоски предлага да се формира голема регионална берза на струја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски предлага регионот да основа сопствена голема берза за струја на која ќе се отсликува состојбата со струјата на регионот за да се одбегнат состојби како онаа од пред неколку недели кога цената на струјата во регионот беше 3 пати повисока од онаа во западноевропските земји, бидејќи на берзата ХУПЕКС во Унгарија

– Сите берзи во регионот се реферираат на цената на берзата ХУПЕКС од Унгарија на која покрај играчи од регионот, тргуваат играчи од средна Европа и од Австрија, и сметам дека ние како регион конечно треба да се договориме да направиме една наша голема берза која ќе ги отсликува нашите состојби со цел да ги одбегнеме влијанијата од надвор. Верувам дека ќе ги надминеме себичното реагирање при организирање вакви регионални проекти и ќе се водиме од искуствата од ова лето и ќе сфатиме дека ако имаме една берза ќе се намалат трошоците што ги прават берзите на сите земји од регионот кои се мали пазари за струја. Таа берза ќе има поголем обем на тргување и ќе биде поинтересна за тргувачите со струја – вели Бислимоски.

Тој рече дека од Европската енергетска заедница добиле објаснување дека причини за големата разлика на цените на струјата во регионот и остатокот од Европа биле високите температури поради што била затворена нуклеарката во Романија, како и проблеми во прекуграничните преносни капацитети на регионот.

Бислимоски, како што рече, не се согласува со ова образложение и очекува вистинските причини да се направат по состанокот на регулаторните тела во рамки на Европската енергетска заедница која ќе се одржи наскоро.

Share This Article