Бислимоски повика на трпение за можните проблеми при пуштање на парното

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕСМ ги доби потребните лиценци за управување со парното во Скопје.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска информира дека се дадени:  лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија на „ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје“, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија на „ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје“ и лиценца за снабдување со топлинска енергија на „ЕСМ снабдување со топлина“.

-Лиценцата за производство е издадена до 30 април 2023 година, лиценцата за дистрибуција е издадена на период од 35 години и лиценцата за снабдување со енергија е издадена на максималниот рок од 10 години. Водевме постапки кои се максимално кристално чисти. Вчера ги добивме последните документи кои ги баравме – изјави Бислимоски.

Грејната сезона почнува од утре со гарантирана температура  од 21 степен.

Тој, како што рече,  очекува во првите денови од пуштањето на топлината, вообичаено е да има одредени проблеми.

-Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Најголем проблем при неиспорака во првите денови е исклучување од струја на потстаниците во зградите поради неплаќање на сметки. Се што треба да преземе, ЕСМ ќе преземе, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и топлината да стигне во секој стан на град Скопје – рече Бислимоски.
Share This Article