More

    Биле најдобри другари, се скарале и крвнички му го пресекол вратот

    spot_img

    Необично однесување на 13-годишното момче кое е осомничено дека со нож му го пресекол грлото на својот најдобар пријател (13), по крвавото убиство во Нишка Бања покажува дека бил свесен за стореното дело, сведочат за српските медиуми, очевидци на крвавиот настан кој ја потресе јавноста. Убиството во Нишка Бања и поради возраста и по однесувањето на момчето осомничено за убиството, многумина ги потсети на крвавиот масакр што се случи во мај во белградското училиште „Владислав Рибникар“ кога 13-годишниот Коста К. го уби чуварот и девет свои соученици.

    Еден повозрасен жител на Нишка Бања кој прв на улица наишол на момчето осомничено за убиството, за Курис.рс раскажа што се случувало по крвавиот настан.

    – Момчето се тетераше по улицата, паѓаше, па стануваше, имаше и друг сосед. Не знаевме што се случи затоа што имаше некаков нејасен поглед. И што е уште поневеројатно, тој само молчеше. Тој не кажа ништо. Се оттурна со нозете, со стапалата удирајќи во асфалтот. Некако го совладавме. Патиките му паднаа од нозете додека се бореше. А, потоа мирно ги пречека брзата помош и полицијата – изјави очевидецот на крвавиот настан.

     

    Момчето го променило однесувањето кога пристигнала екипа за брза помош.

    – Двајца лекари го фатија за раце, тој се фрли уште два пати, и наеднаш се смири. Го ставија на носилки во комбето. Така седеше половина час, па го префрлија во друга брза помош и го однесоа. Беше целосно мирен. Не мрдна, тоа ми е чудно, толку се мачеше, а потоа лежеше неподвижен, како мртов. Чудно ми е ова – раскажува соседот.

    Цела Нишка Бања ја потресоа крвавите сцени кои, очигледно, мештаните ги потсетија на настаните од мај во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Сите велат дека и двете момчиња потекнуваат од пристојни и чесни семејства. Двајцата оделе во седмо одделение во ОУ „Иван Горан Ковачиќ“ и биле најдобри другари.

    „Жителите на Нишка Бања се крајно потресени. Околу училиштето се чувствуваше страв и паника кај родители кои доаѓаат и ги гушкаат своите и туѓите деца. Некои родители и постари жители видно во солзи ги бакнуваат своите деца пред училиштето“- пренесува Курир.рс.

    Убиеното 13-годишно момче и неговиот врсник кој е осомничен дека го убил, биле најдобри другари уште од трето одделение. Според соседите, утрото на кобниот ден, двајцата се скарале во дворот, по што конфликтот го продолжиле на поткровјето од куќата на осомниченото момче, каде што се претпоставува дека тој го убил својот другар. Очевидци тврдат дека ги виделе како се расправаат во дворот, по што се случило злосторството. Двете момчиња биле добри пријатели, никој точно не знае што го предизвика конфликтот, но дел од соседите велат дека се почнало како банална детска расправија.

    13-ГОДИШНИОТ УБИЕЦ НЕ ОДГОВАРА ЗА ДЕЛОТО СПОРЕД ЗАКОНОТ

    Вишото јавно обвинителство соопшти дека прибира докази за расветлување на смртта на А.С. (13) од Нишка Бања, чие безживотно тело било пронајдено во локва крв на поткровјето од куќата на неговиот најдобар пријател М.М. (13).Но, засега нема официјални информации од државните органи што се случило со М.М. и дали има или не сомневање дека малолетникот предизвикал  смртоносна повреда, како и дали поради некоја причина бил приведен или не, пренесува Блиц.рс.

    Како и во случајот со Коста К., и осомничениот М.М., роден 2010 година, според српското законодавство е кривично неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години. Тоа значи дека и да биде осомничен за незаконско дело, против него нема да може да се води кривична постапка и затоа нема да биде изречена кривична санкција.

    Според законот, на деца помлади од 14 години може да им се одредат само мерки за социјална заштита. Доколку се утврдат ментални нарушувања, можно е сместување во соодветна здравствена установа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img