More

    Биле исечени држачите на настрешницата во Нови Сад, обвинува Шаровиќ

    spot_img

    Тринаесет осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад деновиве завршија во притвор од каде ќе го чекаат судењето за трагедијата во која загинаа 15 лица, претежно млади луѓе, меѓу кои и Македонец. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад спроведува истрага за повеќе кривични дела – предизвикување општа опасност, тешко дело против општата сигурност и за непрописно и неправилно извршување на градежни работи.

    Неодамна претседателот на движењето „Љубов, вера, надеж“ Немања Шаровиќ предупреди дека имаат докази дека настрешницата падна затоа што при реконструкцијата на покривот биле исечени држачите со кои биле прицврстени челичните сајли на кои висеше настрешницата.

    – Причината за падот на настрешницата е тоа што при реконструкција на покривот и за време на работата на хидроизолацијата, некој помислил дека сидрата кои биле над челичните јажиња што ја држеа таа конструкција им пречат, па биле отстранети од покривот. Се шпекулира за некакво преоптоварување на настрешницата, а никој не зборува за конкретните причини поради кои таа падна – рече Шаровиќ за српските медиуми.

    Тој додаде дека разговарал со инженери со децениско искуство кои „го упатиле како да дојде до доказите“ и кои му ги испратиле материјалите што ги презентира.

    Како што вели, по сечењето на држачите, настрешницата практично останала да виси од покривот.

    – Таа е така направена, со тие држачи се прицврстени челичните сајли што минуваат низ покривот, а потоа околу нив се истура бетон, што служи да се распредели тежината на целата конструкција. Такви држачи имаше над сите челични јажиња. При реконструкцијата на покривот и при поставување на хидроизолацијата некој констатирал дека тие сидра им пречат. Сите се отстранети од покривот – изјави тој.

    Шариќ покажа фотографии снимени со дрон на кои се гледаат држачите во времето пред реконструкцијата, а потоа ги нема.

    – Со вадењето на овие сидра, настрешницата практично е откачена од покривот и единственото нешто што ја држеше додека не падна беше триењето меѓу гредите на покривот и овие челични јажиња. Оттогаш не е прашање дали ќе падне, туку кога ќе падне и колку жртви ќе има. Ова не е виша сила, ова е убиство. Кој и да го направил, ги осудил овие луѓе на смрт. Не можам да знам дали некој во проектот одлучил дека тоа треба да се направи на овој начин, но изведувачите кои ги отстранија сидрата и тие што ги надгледуваа работите секако се кривично одговорни. Тие мораа да бидат уапсени уште првиот ден – рече тој.

    Шаровиќ наведува и дека настрешницата не била преоптоварена.

    – Статичарот со кој разговарав рече дека тежината што беше додадена е премногу мала и не може да влијае на падот на настрешницата. Ако тежината беше значително поголема, гредите ќе пукнеа, челичните јажиња ќе се скинеа, но, тоа ќе се случеше постепено … Бетонот ќе се урнисаше и ќе паднеа некои делови од него, а делови од конструкцијата ќе висеа – рече тој.

    Шаровиќ додаде и дека сајлите се од висококвалитетен челик и се во црево за хидротермална изолација, што го спречува влијанието на водата и температурните разлики. Затоа, вели тој, не се работи ниту за корозија.

    – Настрешницата се откачува, се убиваат луѓе. Исто како кога ќе ги исечете каблите на лифт и кога ќе падне, да се чудите и да велите – несреќа … Толку незнаење, неспособност, ова е кривично дело, глупост. Нема оправдување“, рече претседателот на движењето „Љубов, вера, надеж“ Немања Шаровиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img