Билатерална средба Шеф Вагнер: Руските војници побегнаа најбрзо што можеа од фронтот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Yevgeny Prigozhin, founder of Russia's Wagner mercenary force, speaks in Paraskoviivka, Ukraine in this still image from an undated video released on March 3, 2023. Concord Press Service/via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. NO RESALES. NO ARCHIVES. MANDATORY CREDIT./File Photo
- Advertisement -
Ad image

Денеска во рамки на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Охрид, директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски оствари билатерална средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси.

На средбата беше изразена благодарноста од претседателот на ИНТЕРПОЛ за пружената можност да се одржи Конференцијата во Република Северна Македонија, а од страна на Директорот Тасевски беше возвратена благодарноста, при што беше истакнато од негова страна дека можноста да се биде домаќин на Конференцијата претставува голема чест за нашата држава.

Заеднички беше истакнато дека соработката со ИНТЕРПОЛ е на многу високо ниво, а воедно беше изразена волјата истата да се продлабочи и во иднина, особено кога се зсме предвид фактот дека транснационалниот криминал не познава граници. Со цел да се застане на патот на транснационалниот криминал, двајцата соговорници се согласија дека веќе воспоставеното пријателство е во насока на зајакнување на соработката против овој тип на криминал.

Од страна на претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ел-Рајси, беше нагласено дека Република Северна Македонија е пример во регионот и дава добра слика за раководњето на полицијата во земјата. Воедно, тој ја истакна благодарноста што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се залага за ИНТЕРПОЛ, како и за преземањето на одговорноста за организирање на беспрекорен настан.

Првиот човек на ИНТЕРПОЛ и првиот човек на македонската полиција се согласија дека беспрекорно организираната Конференција ќе остане вреден спомен за сите, при што претседателот Ел-Рајси порача дека за се што ги засега македонските власти ќе ја добијат помошта и поддршката, како подр закрила на ИНТЕРПОЛ, така и под закрила на Обединетите Арапски Емирати.

Од страна на првиот човек на македонската полиција, директорот Тасевски, беше пренесена целосната поддршка од граѓаните и од Владата на земјава при кандидатурата на Република Северна Македонија за домаќин на оваа конференција, што оди во насока на зајакнување на веќе воспоставеното партнерство.

Share This Article