Американскиот милијардер Бил Гејтс инвестираше во австралиска старт-ап компанија, која работи на полето на климатските промени и има намера да ги намали емисиите на метан произведени од пождригнувањето на кравите.
Основачот на Мајкрософт проговори за производството на месо и неговото влијание врз животната средина, објави „Би-Би-Си“ на српски.
По јаглерод диоксидот, метанот е најзастапениот гас со ефект на стаклена градина.
Животните како што се кравите, козите и елените испуштаат метан кога нивниот стомак вари тешки влакна, како што е тревата.
При овој процес на ферментација се произведува метан, а најголемата количина од овој гас се исфрла со пождригнување.