Бијонсе (41) се најде на удар на критики за нејзиниот говор на доделувањето на наградите Греми, а многумина ја нарекоа „дволична“ и „лицемерна“ за она што го кажа на сцената додека ја примаше наградата.
Пејачката влезе во историјата соборувајќи го рекордот по бројот на освоени Греми откако ја доби својата 32-ра статуетка на церемонијата. Зборувајќи пред присутните, таа низ солзи им се заблагодари на својот сопруг, децата и починатиот геј вујко и нагласи дека својот албум го посветила на афроамериканската и квир (queer) денс културата.
Меѓутоа, обожавателите брзо ја прозваа ѕвездата поради спомнувањето на ЛГБТ заедницата во својот говор, бидејќи неодамна одржа концерт во хомофобниот Дубаи, за кој беше платена неверојатни 24 милиони долари.
„Бијонсе се заблагодарува на квир заедницата на доделувањето на Греми неколку дена по настапот во Дубаи… Сега ми е мило што не ја освои наградата за албум на годината“, напиша еден корисник на Твитер.
„Очигледно заборавила дека се согласи да пее за 24 милиони долари во земја во која се убиваат ЛГБТ лицата“, додава друг.
Да потсетиме, контроверзниот концерт се одржа само за лица со ВИП влезници, кои мораа да се појават во свечена облека. Публиката беше воодушевена и од големиот огномет, а меѓу познатите личности беа Клои и Хали Бејли, Ниа Лонг, Кендал Џенер и Ребел Вилсон.
Настапот го започнала со песната „At Last Ette James“, а потоа следувале нејзините хитови „Beautiful Liar“, „Halo“, „Crazy in Love“ и други.
Интересно е што Бијонсе не изведе ниту една песна од нејзиниот последен албум „Renaissance“ од 2022 година, кој е номиниран за Греми и кој го посвети на ЛГБТ заедницата.