Биг-Бен не заѕвони за националната минута молк, отворена е истрага

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на британскиот Парламент синоќа изјави дека е покрената истрага поради тоа што Биг Бен не ѕвонеше, како што било планирано – на почетокот и крајот на едноминутното национално молчење во чест на починатата кралица Елизабета Втора.

– Ова го истражуваме како итна работа, но убедени сме дека тоа нема да влијае на биењето на камбаните утре за време на државната погребна поворка – изјави синоќа претставникот на властите.

Велика Британија со едноминутно молчење точно во 20 часот по британско време ѝ оддаде почит на кралицата, но Биг Бен не ѕвонеше на почетокот и на крајот од молкот, како што беше планирано. Откако заврши молкот, луѓето ракоплескаа.

Најголемата саат-кула во светот со камбанарија, лондонскиот Биг Бен, ќе игра важна улога утре, кога е планирано да ѕвони во интервали од една минута за време на погребот на кралицата додека државната погребна поворка тргнува од Вестминстерската опатија.

Share This Article