More

    Биди одговорен и не пиј алкохол ако планираш да возиш

    spot_img

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до граѓаните во текот на празниците што следат да бидат одговорни возачи во сообраќајот за избегнување на несакани ситуации во сообраќајот и за среќни и незаборавни празници.

    – Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози – велат од РСБСП.

    РСБСП ги упатува следните препораки за возење во текот на новогодишните празници:

    – да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот;

    – да не консумираат алкохол кога управуваат со моторно возило;

    – да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа;

    – да ја почитуваат пропишаната брзина;

    – да внимаваат на зимските услови за возење;

    – да управуваат технички исправно возило;

    – да не користат мобилен телефон додека возат;

    – да користат сигурносен појас;

    – да одржуваат растојание помеѓу возилата.

    – Новата 2023-та година нека донесе многу радост, среќа и благосостојба во секој дом. Сите заедно да придонесеме за издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво. Затоа почитувајте ги правилата и прописите и бидете одговорни учесници во сообраќајот. Новата 2023 нека биде најбезбедна до сега! – изјави м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img