Американскиот пејач Џастин Бибер објави дека паузира и привремено ја прекинува својата веќе одложена „Justice World Tour“ поради здравствени проблеми.
Музичарот на Инстаграм напиша дека шесте емисии во живо што ги направил откако претходно оваа година му бил дијагностициран синдромот Ремзи Хант, „зеле данок“.
„Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал Rock In Rio и им дадов се од себе на луѓето во Бразил“, напиша Бибер, додавајќи дека „исцрпеноста го нокаутираше“.По консултациите со неговите лекари, членовите на семејството и тимот, пејачот ги извести фановите дека неговото здравје е приоритет пред турнејата.
„Сега ќе се одморам од турнеите. Ќе бидам добро, но ми треба време да се одморам и оздравам“, напиша тој.
Тој им се заблагодари на своите фанови за поддршката и молитвите, порачувајќи им – „Ве сакам сите многу!“
Турнејата на Бибер веќе беше одложена на почетокот на оваа година, откако пејачот и членовите на неговиот тим беа позитивни на Ковид-19, што предизвика светската турнеја конечно да започне во март.
До март 2023 година има закажани 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа.
Пејачот не објави кога би можел да се врати на сцената, а неговите публицисти се уште не одговориле на барањата на новинарите да објават детали.
Во април, канадскиот пејач откри дека му бил дијагностициран синдромот Рамзи Хант, кој се карактеризира со парализа на едната страна од лицето.
Поради опоравувањето, тој беше принуден да ги откаже настапите до понатамошно известување. Потоа на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека едната страна од лицето му е парализирана, но на обожавателите им порача дека само му треба време да се опорави.
На 13-годишна возраст, Бибер стана поп ѕвезда со серија песни, од кои некои му донесоа светска слава.