Основачот на „Амазон“ Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ. Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Безос се огласи по повод написите.
На социјалната мрежа Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од „Њујорк пост“, кој цитираше извор на „Дејли мејл“.
„Целата оваа работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај во сè што ќе прочиташ“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа биде внимателни и немојте да бидете лековерни“, напиша тој.
„Ќе биде интересно да се види дали сите медиуми кои пишуваа за ова ќе ја исправат грешката кога венчавката нема да се одржи“, додаде тој.
Инаку, Безос и Санчез ја објави својата врска во јануари 2019 година, откако милијардерот откри дека се разведува од Мекензи Скот, со која има четири деца, по 25 години брак.
Во тоа време, Лорен Санчез исто така се разведуваше од нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел, со кого беше во брак 13 години. Со него има две деца, а има и син од врската со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.
Безос и Санчез се свршија во мај 2023 година.
Во текот на гостувањето во ноември во емисијата „Тудеј“, Санчез зборуваше за пронаоѓање инспирација за свадбата.
„Морам да кажам дека имам Пинтерест. Јас сум иста како и секоја друга невеста“, рекла таа во емисијата.