More

    Без 2.000 евра зимава четиричлено семејство од Македонија не може да помине 5 дена во некој од хотелските капацитети во зимските скијачки центри во соседството

    spot_img

    Без 2.000 евра зимава четиричлено семејство од Македонија не може да помине 5 дена во некој од хотелските капацитети во зимските скијачки центри во соседството. Дополнително треба да се издвојат и пари за превозот, за ски-пасовите, за ресторани и за други задоволства од богатата туристичка понуда.

    Туристичките агенции велат дека интересот за зимување, за разлика од лани, годинава е далеку помал, поради цените кои пораснаа за 30 отсто.

    Само за пасионираните скијачи

    – Оваа сезона е речиси загубена поради високите цени во соседството. Копаоник и Златибор во Србија, како и Боровец и Банско во Бугарија, ги зголемија цените за 30 отсто, а тоа важи и за услугите. Освен пасионираните скијачи, годинава речиси немаме клиенти кои сакаат да престојуваат во ски-центрите за да уживаат во зимската идила и покрај тоа што не скијаат – вели Дончо Нацевски од „Арботравел“.

    Тој додава дека поради високите цени и туристичките агенции се преиспитуваат, па наместо седумдневни аранжмани, веќе нудат тридневни или петдневни.

    – Како што ценикте одат нагоре, така ние сме принудени да ги намалиме деновите на престој за да понудиме соодветна цена за нашиот стандард. И во светски рамки постепено се намалуваат деновите на аранжманите. Мислам дека истото ќе се случи и со летните аранжмани, бидејќи туристичките земји воведоа и посебни такси кои ја зголемуваат цената на престој – вели Нацевски.

    Туристичките работници велат дека годинава ги нема младите, кои редовно одеа да скијаат во Бугарија, а се намалил и превозот организиран од агенциите.

    – Намален е интересот за зимување во сите центри во регионот. Продажбата на аранжмани за сезоната е многу мала. Малку подобро оди Бугарија, бидејќи таму цените се малкуод оние во српските скијачки центри. Високите цени ги издвоија само оние граѓани кои можат да поминат неколку дена на скијање, а веќе е практика граѓаните сами да уплаќаат аранжмани во хотелските капацитети и да патуваат сами, наместо да одат организирано преку агенции. Годинава ги нема и младите, кои вообичаено поминуваа по една недела на скијање, а организираниот превоз, според нашите колеги кои организираат превезувања, од 5 пати неделно се сведе на еднаш во неделата – вели Сузана Зелениковска од „Фибула травел“.

    Јахорина е топ избор

    Според неа, причината за ваквата состојба покрај цените е и тоа што овој спорт е скап, па се помалку луѓе можат да обезбедат скапа скијачка опрема или да изнајмат ваква опрема во ски центрите каде што цените се високи.

    – Вообичаено се мислеше дека политичката состојба поврзана со Бугарија е причина за малиот интерес, но мислам дека не е тоа. Младите кои одеа во бугарските ски центри годинава речиси ги нема, бидејќи изнајмувањето на опрема е поскапо, а во основа скијачкиот спорт е скап и потешко се доаѓа до сопствена опрема – вели Зелениковска.

    Дел од агенциите за љубителите на скијањето ги нудат и француските скијачки центри, кои според она што го има како понудена цена се далеку поевтини од регионот. Таму седумдневен пакет аранжман за скијање, во кој е вклучен престој, превоз и шестдневна ски-карта се движат од 620 до 860 евра, зависно од типот на сместување и бројот на кревети.

    Вистински бум веројатно годинава ќе има босанскиот скијачки центар Јахорина, кој е далеку поевтин од српските и од бугарските центри. Таму дводневниот, тридневниот и петдневниот хотелски престој е врзан со поевтин ски-пас, што е повод голем број скијачи да ја изберат токму сараевската снежна убавица. На Јахорина дневниот ски билет е 37,7 евра, петдневен 132 евра и шестдневен 159 евра.

    Овој центар обезбеди и поволности за скијачите од земјава кои имаат купен ски-билет во Маврово. Истиот билет важи во двата ски-центра, односно секој што ќе купи ски-пас од „Ресорт Маврово“, бесплатно може да скија 2 дена во „Олимписки центар Јахорина“.

    На Копаоник скапо, во Македонија никако…

    На Копаоник, пак, само шестдневен ски билет чини од 337 до 365 евра, додека еднодневен ски билет чини 87 евра. Во Боровец, шестдневниот ски билет чини 252 евра, а петдневниот 203 евра. Дневниот ски-билет чини 45,3 евра. Во Банско шестдневен ски билет чини 276 евра, а петдневен 234 евра. Дневниот билет таму чини 48,2 евра.

    Во нашите скијачки центри се чекаат поинтензивни врнежи од снег, за сезоната да почне. Ако почне…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img