More

    Бетонски кров на фискултурна сала во училишна гимназија се урна во неделата во кинескиот град Чикихар, при што загинаа 11 лица

    spot_img

    Бетонски кров на фискултурна сала во училишна гимназија се урна во неделата во кинескиот град Чикихар, при што загинаа 11 лица. Според првичните сознанија, повеќето од нив се млади одбојкарки кои тренирале во салата кога се случил инцидентот. Се претпоставува дека уривањето е предизвикано од нелегалното натрупување материјали на покривот.

    фото: принтскрин

    Првично 15 луѓе биле заробени под урнатините, а државните медиуми објавија дека спасувачките служби го извлекле и последното преостанато лице, ученик, кој немал витални знаци, објави Ројтерс.

    Според изјава на еден од родителите кои во локалната болница чекал вест за својата 16-годишна ќерка, женскиот одбојкарски тим од училиштето тренирал во салата кога се случил инцидентот.

    – Тимот се состоеше од ученици избрани од различни одделенија. Тие штотуку се вратија во училиштето пред неколку дена по натпревар надвор од градот, изјави очевидец за државното радио.

    Засега не е јасно дали меѓу настраданите има и возрасни лица, но државното радио во неделата објави дека тренерот на тимот бил закопан под урнатините, но тој е пронајден жив.

    Кога се случила несреќата во училишната сала имало 19 лица, од кои четворица успеале да избегаат, соопштија властите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img