More

    Бесими тврди дека инвеститорите биле навремено известени за административната пречка

    spot_img

    Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата. Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено на тоа не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, појаснува министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА.

    – Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. По ова инвеститорите на годишна основа добиваат отплата на купонската камата или пак ја тргуваат/препродаваат еврообврзницата на секундарниот пазар. Поради запазување на интерната постапка, процедурата за издавање на еврообврзница во земјава (обезбедување на мислење и од страна на министерот за правда, функција која во моментот нема врштител), инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, како што се појавија одредени тврдења – вели Бесими.

    Според него, неточни се и тврдењата што излегоа во јавноста за барање отштета и пенали и за намалување на кредитниот рејтинг на земјата поради неиздавањето на еврообврзницата.

    – На пазарите на капитал тековно нема промени од аспект на каматите на пазарот, но не би шпекулирале со очекувања за каматната стапка бидејќи тоа се пазарно чуствителни информации. Ќе истакнеме само дека довербата на инвеститорите во економските политики на Владата е силна, што се огледа од нивната побарувачка за еврообврзницата која беше за 2,5 пати повисока од понудата на аукцијата која беше одржана. Имено, ние понудивме 600 милиони евра, тие сакаа да запишат милијарда и петстотини милиони евра, но останавме на понудената сума од 600 милиони евра – појаснува Бесими.

    За кредитниот рејтинг вели дека е комплексна оценка на низа макроекономски и политички критериуми, a најдобар доказ за мислењето на инвеститорите, како што посочува, е побарувачката којашто била исклучително висока.

    Бесими уверува дека издавањето на еврообврзницата ќе биде завршено веднаш штом биде назначен нов министер за правда од страна на Собранието за што верува дека политичките чинители нема да го одолжуваат процесот на именување.

    Еврообврзницата од 600 милиони евра требаше да се искористи за покривање на стари долгови и на еврообврзницата од 2016 година кои доспеваат оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img