More

    Бесими: Подготвени сме за издавање на еврообврзница, инвеститорите имаат доверба

    spot_img

    Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда. Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 март повторно да учествуваат. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во 24 Анализа.

    Повторената аукција, како што рече министерот, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години.

    „Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја пазарот“, рече министерот Бесими.

    Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата. „Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими.

    Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img