Бесими ја објаснува новата СМАРТ даночна реформа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За прогресивниот данок во Македонија јавно ќе се дебатира и тоа сите општествени чинители. Во меѓувреме ќе се работи на таканаречени СМАРТ или паметни јавни финансии кои се дел од новата Стратегија за даночна реформа. Се работи за измени во даноците на добивка, личен доход и додадена вредност, како и воведување на зелено оданочување. Парите, освен за справување со кризата ќе се користат и за постигнување на „зелената агенда“ и справувањето со климатските промени.

Ова накусо беа пораките кои денес министерот за финансии Фатмир Бесими ги упати на средбата со новинарите по повод почетокот најавната дискусија за даночните реформи.

54 милиони евра од даноците на добивка и личен доход

Од данокот на добивка и на личен доход се очекува во буџетот да се слеат 54 милиони евра. Она што како предлог решение стои во даночната реформа е да се оданочуваат каматите на депозитите за 10 отсто, да се укине даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка и да се плаќа здравствено и пензиско осигурување за хонорарците.

– Ако на пример имам 100 илјади денари во банка со два проценти годишна камата, тоа значи имам добивка две илјади денари годишно. И сега би платил 10 проценти данок, значи 200 денари годишно, кон државата – појасни министерот.

Системот фаворизира одредени обврзници?

Бесими посочи дека концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход се однесува на ревидирање на преференцијалните даночни третмани која ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем преку фаворизирање на категории даночни обврзници или активности. Со тоа негативно влијаат врз неговата правичност и придонесуваат за зголемена нееднаквост во општеството.

Оптимален даночен систем?

Бесими вели дека се работи за предлог-решенија за кои ќе се разговара со сите засегнати страни во следниот период. Целта е да се создаде оптимален даночен систем и да има правично оданочување кое ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на граѓаните. Според министерот, станува збор за реформа на која е работено долго време и за која се направени длабински реформи.

Приходите ќе обезбедат средства за справување со кризата

Со подобрувањето на наплатата на приходите ќе се обезбедат повеќе средства за развојни проекти на среден рок, додека на кус рок ќе има повеќе средства за антикризни мерки и заздравување на економијата. Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бесими посочи дека Владата на РС Македонија интензивно работи на новиот пакет антикризни мерки, што ќе биде претставен на јавноста.

Стеснување на листата за повластен ДДВ и право на одбивка на данок

Кај данокот на додадена вредност, потребно е натамошно зајакнување на основните принципи на неутралност и конкурентност, преку стеснување на листата на добра и услуги за кои се применува повластена стапка, како и оданочување на определен промет, беше посочено на средбата.

Исто така, потребно е допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници за правото на одбивка на претходен данок, што ќе овозможи поголема правна сигурност за даночните обврзници, поголема ефикасност во спроведување на контролата и во прибирањето на даночните приходи од страна на даночната администрација.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article