Гестот на Гранит Џака по мечот со Србија не беше добро прифатен ниту во Швајцарија, а угледен медиум јасно ја анализираше целата ситуација.
Се крена голема прашина за однесувањето на Гранит Џака на натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар. Искусниот играч за врска влезе во конфликти со „орлите“, а по мечот славеше во дрес на кој пишуваше „Јашари“, што според многумина беше јасна референца за Адем Јашари, терорист и еден од лидерите на ОВК кој беше убиен во 1998 во село Доње Преказе.
Сега швајцарските медиуми почнаа да пишуваат како со однесувањето на Гранит Џака ѝ штети на репрезентацијата и на угледот на Швајцарија, па за ова детално пишува во написот со наслов „Џака е и останува провокатор“ во угледниот швајцарски медиум „NZZ“.
Самиот швајцарски играч за врска изјави дека неговиот гест нема врска со Адем Јашари, туку со Ардон Јашари, млад дефанзивен играч за врска кој е во швајцарскиот тим, а според англиските медиуми, ФИФА го прифатила тоа објаснување и одлучила да го поштеди Џака од секаква казна. Но, во текстот на Томаш Росер, дописникот на „Нојер Цирихер Цајтунг“ од Белград, пишува:
„Гестовите на швајцарскиот капитен предизвикаа различни реакции низ Балканот. Различни се мислењата за грабнувањето на Џака за меѓуножјето“, пишува во текстот.
Во текстот се наведува дека убиството на Адем Јашари не е целосно објаснето, а се нагласува дека Џака јасно знаел дека малку луѓе во Србија знаат за Ардон Јашари, додека презимето Јашари исклучиво се поврзува со Адем Јашари кој е убиен во 1998 година.
Овој напис предизвика големи реакции во косовските медиуми, па „Коха“ налутено реагираше со текст во кој се наведува дека авторот на овој текст е спортски новинар кој не знае ништо за историјата на конфликтот во Косово и за Адем Јашари.