More

    Берзите поволно реагираа, а како ќе реагира конкурентската Кина

    spot_img

    Прелиминарните резултати од американските избори покажуваат дека Доналд Трамп е новиот американски претседател. Какви придобивки ќе има од тоа најсилната светска економија не може со сигурност да се тврди, но берзите први реагираа поволно со раст на индексите како и цената на криптовалутите и посебно на американската валута.

    Стратешката програма на Трамп во економијата предвидува осум точки кои треба да ја зајакнат американската економија, но и да им се спротивстави на надворешната конкуренција. Тие се :

    • продолжување на даночните олеснувања за физички лица и компании воведени во 2017 година
    • дополнителни даночни намалувања за корпорациите од 21% на 20% и на 15% за компаниите што произведуваат во САД
    • стимулирање на производството на традиционални извори на енергија за намалување на цените
    • елиминација на даноците за бакшиш, прекувремена работа, социјални бенефиции
    • дерегулација, што подразбира олеснување на бизнисот за компаниите, банките, зголемени активности за спојување
    • универзални тарифи од 10%
    • 60% од тарифата насочена кон Кина.

    Трамп оцени и дека нема да им се простат студентските кредити на оние кои не ги вратиле бидејќи не е фер кон оние кои веќе ги подмириле, а тоа би паднало на товар на даночните обврзници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img