Бернска конвенција: прекинете со сите активности во Охридскиот Регион додека не ја процениме

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Изминатата седмица Бернската конвенција го објави Извештајот од првиот состанок на Бирото на конвенцијата во 2022 година, на кој се разгледуваше и ново-отворениот случај против С. Македонија за заканите врз Охридското Езеро и НП Галичица.
Во одлуката за Охридскиот Регион Бернската конвенција изразува длабока загриженост за бројните проблеми истакнати во извештајот на подносителот на жалбата – Фронт 21/42 и бара македонските власти да прекинат со сите активности, се додека не дојде на терен планираната мисија, на која ќе и се приклучат
и претставници на УНЕСКО и Рамсарската конвенција. Бирото посебно ги истакнува дивоградбите, нацрт измените на Законот за урбанистичко планирање, нацрт- законот за Студенчишко Блато, плановите за понатамошна урбанизација во регионот, Коридор 8, и последните стратегии, како Стратегијата за развој на туризмот во Општина Охрид – опоменувајќи ја власта дека речиси сите активности кои ги спроведува се
спротивни на препораките на УНЕСКО. „Бирото повторно побара Владата на Северна Македонија да заземе холистички и долгорочен пристап во планирањето на проекти во областа на Светското Наследство и подрачјата кои се кандидати за Емералд мрежата, бидејќи краткорочните финансиски придобивки нема да донесат долгорочен успех откако природата и убавината на овие области неповратно ќе се уништат“ – се вели во одлуката на Бернската конвенција.

Владата се опоменува и дека не ги доставува обврзните извештаи до конвенцијата, ниту пак доставила во дадениот рок повратен одговор за планираната проценка на терен (без кој Бирото не можеше да ги усвои условите за проценката, која требаше да се случи оваа пролет). Бернската конвенција бара С. Македонија итно да го достави својот повратен одговор и да не ја одлага и понатаму посетата на терен, и го задолжи
Секретаријатот на конвенцијата да го контактира Постојниот претставник на С. Македонија во Стразбург, доколку државата продолжи да не доставува одговор.

Share This Article