Берлускони се пофали дека добил роденденски подрок од Путин

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“.

Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од Путин добил 20 шишиња вотка и честитка, а за возврат му испратил неколку шишиња вино и писмо.

Берускони (86), кој често се фалеше со своето пријателство со Путин до руската инвазија на Украина, минатиот месец изјави дека рускиот претседател бил турнат во таа војна.

Портпаролот на партијата Форца Италија на Берлускони негираше дека тој повторно бил во контакт со Путин, велејќи дека поранешниот премиер зборувал за епизода што се случила пред неколку години.

Недолго потоа Форца Италија објави дека ставот на Берлускони и ставот на партијата по прашањето за војната во Украина е идентичен со ставот на Европа и САД.

Share This Article