More

    Берлускони од болница го поздрави конгресот на својата партија

    spot_img

    Поранешниот италијански десничарски премиер, 68-годишниот Силвио Берлускони кој веќе еден месец е во болница, им се обрати на своите приврзаници преку видео порака од болничката соба.

    – Еве ме, еве, за првпат за еден месец носам кошула и костум – рече медиумскиот магнат и милијардер во снимениот говор емитуван на Конгресот на неговата десничарска партија Форца Италија.

    Елегантно облечен, седнат на маса со партиски транспарент и италијанско знаме во позадина, Берлускони им се заблагодари на поддржувачите за поддршката, која, како што рече, „повеќе од сè му помогнала да ја надмине многу опасна пневмонија“.

    Берлускони на 5 април беше примен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради инфекција на белите дробови, по што лекарите прво спомнаа дека има и леукемија.

    Берлускони во пораката рече дека неговата партија е „рбетот на Владата“ на Италија, „за да се осигура дека нејзините одлуки се навистина точни, правични, избалансирани“. Неговата партија е партнер во коалициската влада на премиерот Мелони, а Берлускони, кој е основач на партијата, сè уште е нејзин претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img