More

    Берлин и Вашингтон му дале до знаење на Киев дека нема брза трака за во НАТО?

    spot_img

    Украинските надежи за брзо членство во НАТО ќе бидат уништени бидејќи Вашингтон и Берлин зад затворени врати веќе му ставиле до знаење на Киев дека во моментов не сакаат да преземат дополнителни обврски за членството на Украина во НАТО, освен нејасната декларација на НАТО од 2008 година, анализира германската агенција ДПА, пренесува ЈахуЊуз.

    Пред една недела германскиот министер за одбрана Борис Писториус кој рече дека „не е време да се одлучува за местото на Украина во НАТО“, коментирајќи ја изјавата на Јенс Столтенберг, генсекот на Алијансата, кој во Киев неодамна изјави дека „со текот на времето, нашата поддршка ќе помогне да се овозможи ова“.

    Но, истовремено Писториус минатиот месец тврдеше дека е „сосема нормално“ Украина да изврши напади во Русија за да ги „пресече патиштата за снабдување“ и од други воени причини. Тој нагласи дека цивилите не треба да бидат цел на тие напади.

    – Сосема е прифатливо за нападнатата страна да влезе на непријателска територија за, особено, да ги прекине нивните патишта за снабдување – изјави Писториус во интервју за Цајт во петокот, 21 април.

    Во исто време, говорејќи во интервју за ТВ каналот ЗДФ во петокот тој рече дека моментално не се разговара за пристапување на Украина во НАТО.

    Познато е дека одлуката на Германија за испраќање на тенковите „Леопард“ се чекаше долго време пред да биде одобрена.

    Коментарите на германскиот министер Писториус „дека сега не е време за Украина во НАТО“, пак, го налутија полскиот заменик-министер за надворешни работи Пјотр Ваврзик, кој тврди дека „познато е дека Франција, Германија и земјите од Западна Европа, генерално, отсекогаш биле против Украина да се приклучи или во ЕУ или во НАТО“.

    Претходно оваа недела Гитанас Наузеда, претседател на друга земја-членка на НАТО, Литванија, рече дека „би било премногу тешко“ да се направи Украина членка на блокот сè додека трае конфликтот со Русија. Тоа го знае и владата во Киев, додаде тој.

    Главниот советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Михаил Подољак, неодамна ја повтори желбата на Киев да се приклучи на Алијансата, тврдејќи дека би било невозможно да се врати безбедноста во Европа без „ полноправно членство на земјата во НАТО“.

    Минатиот месец, исто така, лидерите на земјите-членки на НАТО рекоа дека Украина и друга поранешна советска република, Грузија, треба да се приклучат на блокот, но не дадоа никаков распоред за пристапување на двете.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img