More

    Бериша официјално обвинет за корупција

    spot_img

    Поранешниот албански премиер и поранешен претседател, демократот Сали Бериша, денеска и официјално е обвинет за корупција во рамки на досието „Партизан“.

    Бериша (80), кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор, денеска излезе за првпат од неговиот дом и се појави во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, каде беше запознаен со обвинителниот акт, за кој истрагата траела 4 години.

    Тој се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери и на локални избраници“ и продолжува да биде во домашен притвор. Под ова обвинение, може да добие казна затвор во траење од 8 години.

    Во просториите на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), Бериша се задржа околу 20 минути, а по излегувањето даде куса изјава, отфрлајќи ги обвинувањата.

    – Јас сум обвинет. Ме обвинуваат на 500 страници за измама, измама и за измама. Ништо не се менува, тоа е продолжение на политички реваншизам и за мене ништо не се менува – рече Бериша по излегувањето од СПАК.

    Пред Обвинителството, поранешниот албански премиер го дочекаа голем број членови и приврзаници на Демократската партија, со ракоплескање и со извици на поддршка. Пред да влезе во обвинителството, тој повтори дека не направил никакво кривично дело и оти „неговиот притвор е политички“.

    Попладнево во СПАК и неговиот зет, Џамарбер Малтези, ќе биде запознаен со обвинението кое го товари дека нерегуларно стекнал корист од околу 5,4 милиони евра приход од градежен бизнис.

    Тој го приватизиран спортскиот комплекс „Партизан“ во центарот на Тирана, благодарение на одлуките на владата чиј премиер тогаш бил Бериша, по што изградил неколку повеќекатници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img