Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на состанокот на НАТО во Брисел изјави дека намалувањето на вниманието на јавноста од конфликтот во Украина ќе биде фатално.
Првиот состанок на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи се одржа во моментот на „застој“ на линијата на фронтот, како што ситуацијата на бојното поле претходно ја опиша командантот на украинската армија, генерал Валериј Залужни.
Меѓутоа, во пресрет на средбата во Брисел, шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ја отфрли ваквата оценка на генералот Залужни.
Заморот на Западот со Украина и нејзините проблеми беше централна тема на седницата во Брисел, но според германската информативна програма „Тагешау“, министрите не понудиле конкретни решенија.
– Погледот кон Украина во моментов исчезнува од очите на јавноста – тоа е фатално. Сите мора да работиме на дополнително проширување на зимскиот заштитен чадор за Украина – предупредила Аналена Бербок, како што објави германското министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.
Во кусото соопштение објавено од НАТО по состанокот се наведува дека Советот „се покажа како сигурен механизам за консултации во кризни ситуации“.
Западните медиуми објавија бројни поплаки од украинските војници дека обуката што ја добиваат од земјите на НАТО не е применлива за сегашниот конфликт со Русија.
– Најдобар начин да избегнете испраќање свои војници во војна е да и помогнете на друга земја да ја води сопствената војна. Тоа е она што не прави многу различни од другите. Нашиот договор е многу фер. Вие ни давате сè што ни треба, ние се бориме – рече министерот Кулеба за новинарите.
Министерката Бербок и од Скопје апелираше до Русија да ја прекине војната против Украина, бидејќи, како што рече, тоа е и војна против ОБСЕ, додавајќи дека Советот на министри на таа организација треба да донесе одлуки кои ќе ја зачува неговата ефикасност.
Бербок во своето обраќање на пленарната седница на Советот на министри на Европската унија посочи дека Русија го нападна европскиот безбедносен поредок со напад на Украина.
Таа потсети дека на минатогодишниот состанок 55 земји членки одлучија да бидат на страната на меѓународното право и мир и порача дека со сите средства ќе го зачуваат европскиот безбедносен поредок и покрај обидот на Русија да го блокира буџетот на организацијата и неговата ефикасност.
– Бидејќи овојпат во оваа сала беше претставена и Русија, иако не нејзин министер, кој дојде само да разговара, а не да ги слуша другите, ви велам – престанете со оваа војна, која е насочена и против ОБСЕ. Престанете со страдањата што им ги нанесете на милиони луѓе – рече Бербок.
Таа нагласи дека за ова не се потребни никакви преговори, отстапки од Украина, туку само одлука на Русија да ги почитува принципите на ОБСЕ и да ги повлече своите војници.
Таа потсети и дека тројца офицери на набљудувачката мисија ОБСЕ сè уште се во руско заробеништво, што, како што вели, претставува брутално кршење на заедничките принципи на ОБСЕ.
– Ќе направиме сè, ако војната продолжи, да не дозволиме ОБСЕ да пукне. Видовме дека иднината и вредностите на ОБСЕ се поважни од кога било – додаде таа.
Таа апелираше до сите земји-членки, кои, додаде, сакаат да слушаат, да направат се за да ја зачуваат ефикасноста на ОБСЕ преку заедничка одлука во корист на европскиот безбедносен поредок.