Бербок доаѓа во Скопје, вели „да не ги изневериме Македонките и Македонците“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија е „клучна земја“ за процесот на проширување на ЕУ, оцени германското МНР пред денешната посета на министерката Аналаена Бербок. Таа  порача дека очекува широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси.

Бербок Скопје ќе има средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и други заедници треба да бидат вклучени во Уставот.

– Местото на Северна Македонија е во ЕУ, исто како и на нашите останати партнери од западниот Балкан. Дека навистина го мислиме тоа, покажавме најдоцна со официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година – порача Бербок пред полетувањето за Скопје, пренесува Дојче веле.

Таа вели дека не смеат да се изневерат очекувањата на големото мнозинство граѓани во земјата.

– Големите надежи и очекувања, кои луѓето во Северна Македонија ги имаат за пристапниот процес, за нас се шанса и опасност истовремено. Опасност, затоа што би можеле да ги загубиме Македонките и Македонците за Европа, доколку како ЕУ ги изневериме нивните очекувања и покрај сиот напредок и болните отстапки кои ги направија во изминатите 17 години. Шанса, затоа што на сите учесници во процесот на проширување на ЕУ им е јасно за што всушност се работи: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна добросостојба и мир, за самоопределување, рече шефицата на германската дипломатија.

– Можам добро да сфатам дека во моментов сите прашања за сопствениот идентитет, за сопствената историја, јазик и култура се дискутираат во Северна Македонија со срце и страст, тоа ни кај нас не е различно и е природно при важни прашања како промена на Устав. Но искуството покажува: во вакви ситуации се исплаќа да се тргнат настрана партиско-политичките калкулации, да се водите од јасна цел и во таа насока одлучно да се борите. Широката поддршка во парламентот на Северна Македонија за промена на Уставот ќе испрати сигнал не само во самата земја, туку и подалеку во целиот регион: ние апсолутно сакаме да влеземе во ЕУ и правиме сѐ што е неопходно од наша страна, изјави Бербок пред посетата на Скопје.

фото: МИА

Share This Article