Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 од ноќеска на полноќ поскапува за два денар за литар, а цените на другите горива остануваат исти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 од ноќеска на полноќ поскапува за два денар за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнасува 92,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за  90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 86, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 47,304 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,06 отсто, кај дизелот за 1,541, кај екстра лесното масло за 1,405 и кај мазутот за 0,656 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за 0,023 отсто.

Share This Article