Бензинот „еуросупер-95“ од полноќ поевтинува за 2,00 денара и ќе се продава по 80,00 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензинот „еуросупер-98“, на дизелот на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.