Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот за 1,5 денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика која дневно прави пресметки.
Од полноќ, малопродажната на „еуросупер 95“ ќе изнесува 89 денари, додека литар „еуросупер 98“ ќе чини 91,5 денари по литар, додека „еуродизел“ ќе има цена од 93,5 денари.
Се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинства, за 1,5 денари, на 90 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 1,1 денари, и ќе изнесува 51,7 денари по литар.