Малопродажните цени на бензините на дизелот и на маслото за домаќинство се се намалуваат за 2,00 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од полноќ малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 77,50 денари по литар, на бензинот „еуросупер-98“ 79,50 денари, а на дизелот 69,50 денари.
Цената на екстра лесното масло за домаќинства од полноќ исто така се намалува и ќе изнесува 69 денари.
Цената на мазутот не се менува и таа ќе остане 46,295 денари/килограм.