Претседателот на израелската Партија за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена откако партијата на Ганц се повлече од владата.
Според таа анкета, Ганц би освоил 41% од гласовите, додека 35% од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел.
Рчиси половина од испитаниците, 42% од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер, а претседателoт на десничарската партија Израел е нашиот дом, Авигдор Либерман, според анкетата има само 2% повеќе гласови отколку Нетанјаху.