После долга пауза од 20 години, Бек Афлек и Џенифер Лопез се повторно заедно. Тие минатата година се венчаа а од тогаш папараците им се зад петици.
На Tвитер се појави видео каде Бек Афлек ѝ ја „треска“ вратата од кола на Џенифер. Дали станува збор за кавга помеѓу брачниот пар или сепак актерот е лут на папараците. Видеото го „запали Tвитер“, а реакциите во јавноста се поделени.
Минатата недела парот се појави на црвениот тепих на промоцијата на новиот филм на Џенифер Лопез „ The Mother“, на кои двајцата беа нерасположени и озбилни, кратко потоа има сериозен разговор а кога папараците ги фатија и двајцата се насмевнаа да бидат фотографирани.