Белорускиот претседател Александар Лукашенко јавно ја коментираше можноста Белорусија да го нападне коридорот Сувалки, тесен премин кој ги поврзува балтичките држави со Полска и остатокот од територијата на НАТО

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко јавно ја коментираше можноста Белорусија да го нападне коридорот Сувалки, тесен премин кој ги поврзува балтичките држави со Полска и остатокот од територијата на НАТО.

На видеоснимката Лукашенко го прашува командантот Александар Наумек од северозапдната команда за ширината на коридорот Сувалки „за која тие (Литванците) секогаш зборуваат“.

– Не треба вака да се однесуваат. Но, сега ќе треба да им се спротивставите на балтичките републики и ќе окупирате дел од Полска – вели Лукашенко откако дозна дека коридорот е широк 42 километри.

 

 

Лукашенко потоа го прашува воениот командант дали може да ја задржи територијата со своите војници. Науменко го уверува дека се планирани сите акции, дека се разработуваат прашањата за борбена готовност и дека се обучува персоналот.

Коридорот Сувалки, копнен коридор меѓу Белорусија и руската ексклава Калининград, се смета за многу веројатна локација за напад во случај на потенцијална руска војна против источните членки на НАТО.

Во октомври 2023 година, Павел Муравејко, првиот заменик-секретар на Советот за безбедност на Белорусија, предложи „пробивање на јазот“ до рускиот регион Калининград, што предизвика негодување во Литванија.

Share This Article