Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е правата финалистка на грен слем турнитот Австралија Опен. Пласман во завршниот меч за титулата на првиот грен слем годинава, Сабаленка обебзеди по победата над Американката Коко Гоф во два сета со 7-6 (7-2) и 6-4.
Белорусинката која е и бранителка на титулата во Мелбурн беше го доби мечот по 1 час и 44 минути игра. Во неизвесниот прв сет, Сабаленка беше поуспешна во тај брејкот. Во вториот сет клучен беше деветтиот гем во кој белоруската тенисерка ја искористи втората брејк-топка, а потоа на свој сервис стави точка на мечот што и носи грен-слем финале.
Во финалето, Сабаленка ќе игра против подобрата од мечот меѓу Дајана Јастремска од Украина и Женг Цивен од Кина.