Приклучоците, старите прекинувачи и слични предмети направени од бела пластика често може да добијат непријатна, жолтеникава боја.
Има голем број предмети за домаќинството кои се направени од пластика, а оние кои се бели често многу брзо добиваат грда жолтеникава нијанса. Доколку ве нервираат и пожолтените прозорски рамки, приклучоците кои веќе не се бели или далечинските управувачи кои ја промениле бојата од стоење, не грижете се. Со помош на едноставен трик, сите овие бели, пластични парчиња мебел повторно ќе бидат чисти, сјајни и бели, пишува Love To Know и пренесува Вечерњи.
Прво подгответе:
сад кој ќе го наполните со вода
детергенти
мека крпа со која ќе ги триете средствата на пластичната површина
суви крпи
четки за заби
гумени ракавици за заштита на вашата кожа
Првото нешто што можете да се обидете да ги отстраните грдите дамки е сода бикарбона. Натопете го едниот крај од крпата во вода, а потоа во сода бикарбона и со лесни кружни движења истријте ја површината што сакате да и го вратите стариот сјај. По една минута, две триења треба да ги видите резултатите. Можете исто така да растворите сода во малку вода и да се обидете да ги истриете сите површини кои се валкани и кои пожолтеле.
Друга работа што можете да ја користите за чистење на пожолтувањето на прозорците и другите пластики е – детергент за миење садови. Потребно е да ставите една мала чаша детергент во сад исполнет со четири литри вода. Натопете сунѓер или крпа во оваа течност и нежно, неколку пати, поминете ги површините што сакате да ги исчистите.
Доколку преферирате да користите некои од природните препарати за отстранување на пожолтување од пластика, можете да користите јаболков оцет, кој ќе го нанесете директно на површината. Исто така, во овој потфат добро е да користите мешавина од алкохолен оцет во комбинација со вода. Растворете малку оцет во сад со вода и испрскајте го растворот на површините што сакате да ги исчистите.
Внимавајте со приклучоците и прекинувачите за да не навлезе вода на места каде што има струја. Можете да ги примените истите методи за чистење на пожолтени ПВЦ врати или прозорски рамки, тостери, далечински управувачи, клима уреди и слично.