Белград во 11 часот беше на деветтото место во светот по загаденост, а квалитетот на воздухот беше оценет како „нездрав“, соопштено е на веб-страницата „ЕрВизуел“.
Загадувањето беше уште поголемо во раните часови, па главниот град на Србија во 10 часот беше седми на светската листа.
На листата, која беше ажурирана во 11 часот, според загаденоста на воздухот од градовите во регионот пред Белград, Загреб е на шестото, а Сараево на седмото место.