Според податоците на веб-страницата AirVisual, Белград бил четврти најзагаден град во светот во 7 часот наутро, зад Њу Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан и Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.
Квалитетот на воздухот во Белград е оценет како „нездрав“, со индекс на квалитет 158, а меѓу првите 50 најзагадени градови во светот утринава нема други градови во Србија.
Најзагадени градови во регионот, по Белград, се Загреб – на 12 место, Сараево на 37 место и Приштина на 38 место по загаденост на воздухот, во кое е оценет како „нездрав за чувствителните групи“.