More

    Белград и Будимпешта го канат регионот да се приклучи на брзата железница

    spot_img

    Србија и Унгарија планираат да ги поканат С Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува Будимпешта и Белград, а подоцна и Ниш и Прешево.

    Ова го соопшти српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ по средбата со унгарскиот колега Лазар Јанош.
    – Се договоривме заеднички да потпишеме иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата пруга кон Албанија, односно преку Северна Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, како брзата пруга навистина би добила смисла и би ги поврзала нашите две земји и со турскиот и грчкиот брег за патнички и товарен сообраќај – рече Весиќ.

    Според српскиот министер оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан и дека кога станува збор за железничкиот сообраќај, ова може да биде еден вид „Отворен Балкан Плус“.

    Србија и Унгарија заеднички ќе градат три железници и ќе ги поврзуваат подобро нивните автопатски врски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img