Истражувачите од универзитетите во Брисел и Гент направија голем чекор напред за пациентите заразени со вирусот ХИВ, објави порталот „Фокус на Белгија“.
Белгиски научници развија вакцина mRNA која може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на ХИВ инфекција. Целта на оваа вакцина би била контрола на вирусот на хумана имунодефициенција ХИВ.
Вакцината користи липидни наночестички кои „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот систем, што ја зголемува ефикасноста на вакцината“, рече еден од истражувачите.
Ако нејзината ефикасност се докаже кај луѓето, бидејќи е тестирана само на лабораториски глувци, оваа нова вакцина развиена во Белгија може да донесе значителна помош и надеж за луѓето кои живеат со ХИВ.
Според истражувачите, вакцината може драстично да ја намали зависноста од секојдневните лекови, додава белгискиот портал.