More

    Белгиската пратка за Украина може да ги смени нештата, но под еден услов

    spot_img

    Триесетте белгиски авиони во Украина треба да пристигнат до 2028 година, a Ф16-ките ќе пристигнуваат во мали серии бидејќи се стари и треба постепено да се реновираат, а исто така и украинските пилоти треба да се обучуваат за нив.

    Ќе смени ли нешто пратката авиони Ф-16 од Белгија за Украина и договорената помош вредна 977 милиони евра? Условот на Брисел е авионите да не летаат на руска територија.

    Генералот Серхи Голубцов, Kомандант на украинските воздухопловни сили, веќе долго време нагласува дека му се потребни четири оперативни ескадрили борбени авиони Ф-16 Локхид Мартин за да има какви било шанси да го контролира воздушниот простор над секторот долг над илјада километри на фронтот во војната на Русија против Украина.

    – За да се планира операција од А до Ш, мислам дека вреди да се зборува за најмалку една ескадрила, најмалку 12 до 16 авиони – објасни Голубцов.

    – Да беа барем три до четири ескадрили, мислам дека ќе успееме да постигнеме воздушна супериорност во одредена насока.

    Голубцов минатата година рече дека 64 авиони на фронтот, еквивалент на ескадрила борбени авиони на Военото воздухопловство на САД, би можеле да постигнат локална надмоќ во воздухот, иако привремено.

    Ф-16-ките би можеле да ги гаѓаат руските бомбардери на оддалеченост до 160 километри, принудувајќи ги да се оддалечат од ранливите градови и позиции и, за прв пат по една година, ослабувајќи ја руската воздушна супериорност.

    Русите станаа супериорни на фронтот во последните месеци поради таканаречените лизгачки бомби со наведување кои ги користеа во Авдеевка и сега во регионот Харков. Тие користат бомби од советско време и ги доопремуваат со ГПС-систем за бомбата да може активно да ја бара својата мета додека не ја погоди.

    Но, за да можат белгиските Ф16-ки во Украина да ги погодат руските бомбардери ќе им требаат најновите и најдолги ракети AIM-120. Постариот модел AIM-120B има домет од само околу 50 километри, додека новиот AIM-120D може да се пофали со импресивен опсег од над 160 километри.

    Потребна беше повеќе од една година интензивна дипломатија меѓу украинските, норвешките, холандските, данските и белгиските официјални лица, но Голубцов конечно ги доби своите четири ескадрили, според анализата на Форбс.

    Пентагон не прецизираше кои варијанти АИМ-120 ѝ ги дал на Украина, но портпаролот на украинските воздухопловни сили целосно потврди дека АИМ-120Д е на списокот.

    – САД ќе ѝ достават на Украина ракети воздух-воздух AMRAAM со дострел од 160 до 180 километри – изјави минатата година Јуриј Инхат, портпарол на украинските воздухопловни сили.

    Со други зборови, четири ескадрили Ф-16 можат да го нарушат балансот на силите на фронтот во корист на Украина, но тоа не може да се случи одеднаш.

    Ф16-ките кои треба да ги добие Украина се произведени во 1980-тите, но се опремени со современи радари и имаат широк спектар на стрели и направи за електронско замајување. Овие Ф16-ките балтичките земји, Холандија и Белгија ги реновираа по заеднички стандард уште во 2000-тите години.

    Вкупниот број на надзвучни борбени авиони со пратката од Белгија во Украина би требало да достигне 85, што, по бројка, може да биде еквивалент на четири ескадрили по 16 авиони Ф-16.

    Во меѓувреме украинските пилоти се обучуваат да летаат со Ф-16 во Романија. Романија во моментот користи 18 стари Ф16-ки од Холандија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img