Белгија за неколку месеци протерала десетици руски шпиони

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Белгија за неколку месеци протера десетици руски „дипломати“ прогласени за виновни за шпионажа, објави белгискиот премиер Александeр де Кро. На хартија тие се „дипломати“, но знаеме дека се занимаваат со шпионажа, истакна тој во интервју за локалните медиуми.

– Во неколку наврати, Белгија претрпе кибер напади, особено кога искажуваше став против Русија. Белгиските безбедносни служби се сомневаат дека многу често има кампањи за дезинформации организирани од Русија – истакна Де Кро.

Тој објави дека биле пронајдени врски меѓу руски официјални лица и белгиски воен човек од екстремната десница, кој упатувал закани кон властите за време на пандемијата на Ковид и кој на крајот бил пронајден мртов во шума под неразјаснети околности.

– Контраразузнавањето со години предупредува да се внимава на акциите на Русија и екстремната десница во Европа, со кои се откриваат врски. Белгиските власти веќе докажаа поврзаност меѓу крајнодесничарската партија Влаамс Беланг и Кина. Често гледаме дека белгиската комунистичка партија не го осудува рускиот напад врз Украина – рече Де Кро.

На прашањето што ќе се случи доколку екстремната десница и комунистите освојат мнозинство на изборите во јуни, Де Кро предвиде нестабилност. Анкетите во Белгија во последните месеци покажуваат дека Вламс Беланг ќе биде водечка политичка сила во северниот регион Фландрија, а во Валонија поддршката за комунистите расте.

Share This Article