Белгија е меѓу најсилните светски селекции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги дозна противниците во групата за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и во Мексико.

Нашата селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и со Лихтенштајн.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, смета дека групата носи надеж за неговиот тим и доколку ги задржиме енергијата и позитивниот дух од последните натпревари од Лигата на нации, може да се надеваме на добри резултати.

– Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит, една од најсилните светски селекции, и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција. Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно помалите репрезентации во групата – вели Милевски, цитиран од сајтот на ФФМ.

Според него, важно е да се задржи истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, да се влезе во квалификациите со силна мотивација и повторно Македонија да се бори за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување.

Share This Article