More

    Белгија апелира граѓаните да ги трошат или да ги донираат натрупаните ковани монети

    spot_img

    Белгиските власти ги повикаа граѓаните да ги троши натрупаните монети на евра, за да нема потреба да ги произведуваат.

    Министерството за финансии на Белгија покренаа кампања на социјалните мрежи во која повикуваат на потрошувачка на монети.

    Во оваа земја има повеќе од 4,2 милијарди монети, чија вкупна вредност е повеќе од 1,5 милијарди евра.
    Некои белгиски продавници немаат доволно ковани пари за да вратат кусур при плаќање во готово. Причината за тоа е што населението не користи голем број монети.

    Споменатата кампања следеше по предупредувањата од голем број клучни трговски здруженија во Белгија за недостиг на монети. Тврдат дека населението трупа монети во апоени од 5, 10 и 20 центи. Тие истакнаа дека овие монети не циркулираат доволно.

    „Од кризата предизвикана од коронавирусот, потрошувачите значително помалку ги користеа овие монети и ги трупаат, спречувајќи ги да се вратат во оптек. Но, имајќи предвид дека трговците имаат потреба од монети, има недостиг“, објаснуваат оттаму.

    Оние кои не сакаат да ги користат за плаќање, можат да ги депонираат во банка или да ги донираат во добротворни цели. Властите проценуваат дека со враќање на само 2 отсто од неискористените монети во оптек секоја година, може да се заштедат повеќе од 5 милиони евра во трошоците за производство на нови монети.

    Намалувањето на производството на монети е корисно и за животната средина. Имено, при нивното производство и транспорт се испуштаат значителни количини јаглерод диоксид (CO2).

    Една од причините зошто не се користат монетите е тоа што се повеќе луѓе користат дигитални плаќања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img