More

    Белата куќа е загрижена од наводите

    spot_img

    Белата куќа во САД изрази сериозна загриженост по наводите во некои медиуми дека Русија работи на таен проект за производство на ударни беспилотни летала во Кина. Се дознава дека станува збор за пример каде една кинеска компанија помага на руска компанија која е под американски санкции.

    Според извори во Белата куќа, САД засега немаат докази дека кинеската влада знае за оваа зделка или дека учествува во пружање помош на Москва за вакви деструктивни оружја, прецизира претставникот на Советот за национална безбедност.

    – Сепак, владата на НР Кина… е одговорна да осигура дека нејзините компании не обезбедуваат ваква смртоносна помош – додаде изворот.

    Според два извора од европските разузнавачки служби од документи споделени во некои американски медиуми, Русија создала програма во Кина за развој и производство на ударни беспилотни летала со долг дострел на дејство, за да ги користи во војната против Украина.

    – САД се подготвени веднаш да преземат мерки против наведените кинески компании, како и да утврдат кои банки помогнале во спроведувањето на трансакциите со руската организација која е под санкции – изјави претставникот.

    Станува збори за модернизирани верзии на беспилотникот „Харпија А1“ кој се произведува во Ижевски електромеханички завод „Купола“.

    Притоа, како што се дознава од извештаите, се употребуваат кинески мотори и делови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img